Сопственикот на Нептун кој со дипломатско возило го изнесе Груби на информативен разговор во полиција
Едно лице поврзано со поранешниот вицепремиер Артан Груби во моментот е на информативен разговор во полициска станица Карпош, објави ТВ21, повикувајќи се на свои извори.
Станува збор за бизнисменот Арсим Папранику, познат по изградбата на Ист Гејт, како и сопственик на ланецот за продажба на бела техника, Нептун, кој како што објавивме и претходно, со дипломатско возило го изнел Груби надвор од Македонија.
Денеска МВР распиша меѓународна потерница по Артан Груби, како и по екс директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами.
Груби, кон Косово патувал под дипламтски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија. Конзуларната област го опфаќа градот Струга, а како почесен конзул, Папранику дејстувал во Република Македонија, согласно правилата и нормите на конзуларните активности и имал задача да ги промовира и штити интересите на Косово, беше известено од МНР кога, Парпанику ја презел позицијата конзул.
Папранику е сопстеник на Нептун а инвестираше и во изградбата на Ист Гејт Мол.
Во 2019 година, Папранику ќе го понесе признанието за најуспешен маж во Македонија во категоријата менаџер на годината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа