Спасеновски: Од рекреативно тренирање до професионален ангажман, спортот е важен за младите

 

На гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на млади сили“ присуствуваше еден од нејзините членови, борбен спортист и освојувач на бројни медали, Петар Спасеновски кој се осврна на неговите почетоци и детската љубов која од рекреативно тренирање преминала во професионален ангажман во неговото секојдневие.

„Сето тоа почна на моја 6 годишна возраст кога мојот татко ме однесе прв пат во сала и од тогаш почна таа љубов према каратето и еве 20 години подоцна со континуиран тренинг останав уште во спортот и сеуште се натпреварувам. Член сум на карате клуб Макпетрол, во почетоците на моето тренирање тоа беше една детска љубов и едно рекреативно тренирање карате, но подоцна тоа почна да претставува и професионален ангажман во моето секојдневие“, рече Спасеновски.

Спасеновски објасни дека клучот за успехот е ангажманот, напорната работа, истрајноста и љубовта кон каратето и дека тие предизвици претставувале пресвртница за неговиот успех и освојувањето на неговиот прв медал на само 17 години.

„Тоа е се во зависност колку ангажмани, колку љубов ќе посветите во ова нешто, треба истрајност многу напорна работа, има години во кои секогаш е тешко најголемиот успех да го направите и тука е таа пресвртница на вашата кариера, мојот прв европски медал беше на мои 17 години кога го остварив бронзениот медал и тогаш имаше некој показател дека можам да направам нешто повеќе, тука се раѓа и професионализмот и од тогаш до ден денес сум максимално посветен“, истакна Спасеновски.

Спасеновски ги наброја освоените медали и како иден предизвик го посочи освојувањето на златен медал од европско и светско првенство.

„Сум учествувал на многу меѓународни, балкански, европски и светски натпреварувања, член сум на репрезентацијата повеќе од 15 години, државен шампион сум на Македонија повеќе од 15 години, имам голем број на балкански медали, медали од меѓународни натпреварувања, три европски медали во јуниорска конкуренција и бронзена медаља во сениорска конкуренција, иден предизвик ми е да остварам златна медаља од европско или светско првенство со тоа и во Македонија се категоризираме со спортска пензија“, посочи Спасеновски.

Спасеновски потенцираше дека каратето освен како спорт учи на поголема самодоверба која се рефлектира во секојдневниот живот.

„Каратето ме учи на голема самодоверба бидејќи со многу натпревари, со многу тренинг се стекнувате со голема самодоверба а таа се рефлектира на секојдневниот живот, каратето учи и на добри моторички способности и ние брзо учиме други работи, со која работа и да се фатите во иднина би биле успешни“, дециден е Спасеновски.

13.02.2025 - 21:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега