Спасувачките екипи пронајдоа автомобил во Лепенец
Спасувачките екипи пронајдоа автомобил во реката Лепенец, на местото кадешто од вчера се трага по тројца косовски државјани по страотната сообраќајна несреќа. Сител пишува дека засега нема потврда дали станува збор за истото возило со кое вчера од патот излета семејството од Косово.
Автомобилот е пронајден неколку метри од несреќата, но поради длабочината и матните води спасувачките екипи не успеаја досега да го лоцираат.
18.06.2023 - 17:26
Фото:
Сител
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа