Специјалци ги прошетаа убијците од Смилковско од затворите до Врховен, бараа промена на судиите, рочиштето пропадна
Одбрана на убијците од Смилковско Езеро побара изземање на судиите оти истите одлучувале и на претходните судења во 2017 година па денешното рочиште во Врховниот суд беше одложено.
Десетици полицајци – специјалци како и неколкумина затворски полицајци денес беа ангажирани да ги донесат обвинетите во судница за да слушнат дека судењето се одлага.
Под силно полициско обезбедување, откако поминаа половина час во Врховен суд, тие беа вратени во затворите каде што одлежуваат затворски казни.
Следното рочиште е закажано за 14 јуни.
17.05.2023 - 12:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа