Специјална диета само за жените во 50-тите: Ако сакате затегнато тело, овие намирници засекогаш исфрлете ги од исхраната

 

Годините не се пречка. Ако ги исфрлите овие намирници од исхраната, ќе имате витка линија и во 50-тите.

По 50-тата година метаболизмот се забавува, па затоа е многу потешко да се одржи витка линија. Сепак, не очајувајте. Нутриционистите велат дека доколку ја изберете вистинската храна, може да имате идеална тежина.

Кога ќе влеземе во 6-та деценија, мора да се почитуваат одредени правила.

Кејти Фераро, диететичар и асистент на Универзитетот во Калифорнија, вели дека треба да внесуваме 250 калории помалку од вообичаеното.

Препорачливо е да вклучите повеќе овошје, зеленчук и посни протеини во менито. Фокусот треба да биде на разновидна, но умерена исхрана. Се препорачува и умеена физичка активност.

Овие намирници се на листата на забранети:

Нутриционистите ги советуваат жените по 50-тата година да избегнуваат виршли, колбаси, сланина и речиси сите сувомеснати производи бидејќи се солени и полни со адитиви. Овие намирници се мрсни и преработени, па затоа се нутритивно помалку вредни.

Протеинските плочки или чоколади се полни со шеќер и индустриски состојки. Тие често содржат соја протеин во прав кој е третиран со пестициди. Пазете се и од „уличните“ пуканки бидејќи често се печат на старо, лошо масло и се презаситени со него.

Значи, целосно исфрлете ги грицките од вашата исхрана.

Кога жените влегуваат во менопауза, тие не го метаболизираат шеќерот исто така, па затоа треба да јадат помалку јаглехидрати.

Ограничете го и внесувањето на црвено месо.

06.01.2022 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега