„Спорт1“: ФФМ му врачи отказ на Боби Милевски

 

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го сменила селекторот Благоја Милевски, пишува „Спорт1“. Ваквата одлука следува по поразот на македонската репрезентација со 0-7 од Англија

Според Спорт1“, членови на раководството на ФФМ на Милевски му ја соопштиле одлуката дека повеќе не е селектор на националниот тим, но потврда за смената се очекува да има до крајот на оваа недела. 

Милевски ја презеде македонската селекција во август 2021 година после настапот на Еуро 2020.

Според информациите на порталот, следниот селектор ќе биде странец.

 

10.07.2023 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега