Спремете ги чадорите: Денеска врнежи од дожд и снег

 

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.

Во Скопје претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Од УХМР најавуваат деке следува период на променливо облачно и постудено време, со повремени слаби врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во пониските од дожд и снег. Во четврток и петок врнежи ќе има на повеќе места и ќе бидат со умерен интензитет.

25.01.2023 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега