Тетово: Со воздушна пушка ја погодил сопругата на братот, па ја однел во болница
Вчера во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р.(46) од с.Порој, тетовско.
Тој бил пријавен од Ќ.Р.(50) од с.Порој, сопруга на неговиот брат, дека истиот ден околу 13.00 часот во дворот на нејзината семејна куќа од невнимание ја повредил на рамото со воздушна пушка, по што ја пренел во Клиничка болница Тетово. Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени пневматска пушка „Гамо“ калибар 5,5 милиметри, дозвола за оружје на негово име и една железна кутија со дијаболи.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа