Србија: Младо момче со секира заклал баба и дедо, па со денови се криел во шума
Марко (29) е уапсен во вторникот во шума, откако осум дена се криел од полицијата. Тој претходно ги заклал дедото Драган Манојловиќ и бабата Зора Дакиќ.
„Полициската патрола забележала автомобил во шумата, по што го нашла момчето како спие во него“, соопштија од полицијата.
Момчето се правдало на полицијата дека случајно заспало во автомобилот, како и дека живее во Вршац, но документите не се кај него.
По проверка од страна на полициските службеници било откриено дека има потерница по возилото, па момчето било приведено.
13.07.2022 - 17:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа