Србија резервирала 50.000 пакувања од новиот лек против корона

Србија резервирала 50.000 пакувања од новиот лек за коронавирус молнупиравир, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување на Србија, најавувајќи дека лекот ќе пристигне во јануари.

Директорката на РФЗО, Сања Радојевиќ Скодриќ, за ТВ Прва изјавила дека Србија е прва во Европа што потпишала договор за купување на овој лек и дека очекува во декември да биде регистриран од Агенцијата за лекови на САД, објави српската агенција Бета. Потоа се очекува лекот да добие одобрување во Европа и Србија.

Експерименталниот орален лек на Merck & Co Inc против ковид-19, молнупиравир, е во форма на таблети и треба да се користи кај пациенти дијагностицирани со коронавирус во првите пет дена по откривањето на вирусот. Според резултатите од клиничките испитувања, лекот ја намалува хоспитализацијата поради инфекција или смрт за 50 проценти кај пациенти склони кон потешка инфекција.

Доколку биде одобрен, молнупиравир, кој што делува правејќи грешка во генетскиот код на вирусот, ќе биде првиот орален антивирусен лек против Ковид-19.

Радојевиќ Скодриќ посочила дека се завршени сите клинички студии за овој лек, за кој е неопходна пред регистрација, и дека резултатите се „одлични“. Таа, исто така, потсетила дека „молнупиравир не е првиот лек што го набави Србија“ и додаде дека од почетокот на пандемијата ги има „сите клучни лекови против ковид“.

Таа ја повтори важноста на вакцинацијата имајќи предвид дека, како што рече, „вакцината спречува , а лекот лечи“.

 

19.10.2021 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега