„Срцето ми крвари“: Хурем Султан се збогуваше од Сабина Ајрула со емотивна порака
Турската актерка Мејрм Узерлу, позната како Хурем султан од серијата Величествениот скршена од болка напиша емотивна порака посветена на македонската актерка Сабина Ајрула Тозија.
Кој ја гледаше серијата знае дека двете актерки глумеа заедно во серијата. Сабина ја играше Афифе Хатун, дадилката на султанот, која тој ја сметаше за своја мајка.
Мејрем и Сабина се зближила на снимањето. Освен во Величествениот, соработувале и на уште два проекти.
„Моето срце крвари од болка“, напиша Хурем, која сподели колаж фотографии со Сабина.
Сабина Ајрула Тозија почина на 75-годишна возраст во Скопје, откако претходно беше оперирана од тумор на мозкот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа