Средба Меџити - Колумбиа: ООН ќе ја поддржи Македонија во борбата против климатските промени
Денес, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити оствари прва средба со новата постојана координаторка на ООН, Рита Колумбиа.
Теми на состанокот беа двете претстојни конференции на Страните на Конвенциите за биолошка разновидност и за климатски промени, како и останати прашања од заеднички интерес, за кои министерот Меџити информираше за текот на подготвителните и за активностите што претстојат.
Министерот Меџити се заблагодари за досегашната соработка, додека постојаната координаторка Колумбиа ја потврди подготвеноста на имплементирачките агенции на ООН за уште поголема вклученост во спроведувањето на политиките за здрава животна средина. Таа ја нагласи приоритетноста на областа од аспект на идниот рамковен договор за соработка со Владата на Република Северна Македонија за периодот 2026-2030.
Двете страни се сложија за потребата за синхронизиран пристап во програмирањето на Програмите на ООН со националните приоритети заради повеќе димензионалноста на проблематиката и потребата од интегрирање на политиките за здрава животна средина во останатите секторски политики со цел намалување на негативното влијание од климатските промени и влијанието врз биолошката разновидност.
Постојанaта координаторка на ООН Колумбиа во неколку наврати ја потенцираше тимската работа, искуството и знаењето како препознаена вредност на Министерството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа