Средба Муцунски - Филипиду: Фокус на билатералните односи

 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Република Северна Македонија, Софија Филипиду.

На средбата соговорниците го потврдија заемниот интерес и посветеност за натамошно унапредување на билатералната, регионалната и соработката во меѓународните организации.

Во текот на разговорот, беа подвлечени и заемните заложби за унапредување и натамошно интензивирање на економската и соработката во други области од заемен интерес. Притоа беше истакнат заедничкиот интерес за продолжување и интензивирање на политичкиот дијалог и соработка на високо ниво во функција на безбедност, стабилност и просперитет на регионот.

09.08.2024 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега