Средба Николоски-Ле Риголер: Македонија останува силно посветена на евроинтеграциите


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Франција во Македонија,  Кристоф Ле Риголер.

На средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.

Министерот Николоски ја истакна добрата соработка со Франција нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Франција во реализација на стратешките цели на земјава.

На средбата министерот Николоски го запозна амбасадорот со владината програма и инвестициите во инфраструктурата, особено во делот на железничките и патните коридори.

Двајцата разговараа и за реформите што се спроведуваат како дел од евро интегративниот процес на државата.
Министерот на новименуваниот амбасадаор Ле Риголер му посака успешна дипломатска работа во земјава, притоа изрази благодарност за сегашната соработка нагласувајќи ја потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји.
16.09.2024 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега