Среде Скопје „исчезнаа“ уште 7 работници од Непал

 Седум работници од Непал, сите на возраст меѓу 25 и 41 година, „исчезнале“ во Скопје. Случајот бил пријавен вчера во 13:50 часот во Полициската станица Аеродром.

Според пријавата на сопственикот на приватната фирма каде што работеле овие лица, тие се оддалечиле од сместувањето без да остават трага. Полициските власти веднаш презеле мерки за нивно пронаоѓање.

– На 26.08.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Аеродром, М.Н.(41) од Скопје пријавил дека од местото каде престојувале се оддалечиле седум лица на возраст од 25 до 41 година од Непал, кои работеле во приватна фирма во Скопје, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

27.08.2024 - 19:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега