Српската докторка ја откри грешката која сите ја правиме - ако погрешно ги пиете витамините тие немаат ефект
Специјалиста на педијатрија во Србија, д-р Хабнијета Апук рекла дека земањето на витамински сублементи на погрешен начин има дејство како да сте испиле чаша вода.
Многу се зборува за витамините и сублементите, особено за витаминот Д, па докторката одговорила на прашањата кои сите ги интересираат - дали витаминот Д, може да не затити од коронавирус, и како е најдобро да се конзумира.
-Исхраната е сиромашна со витаминот Д3, може да се внесе преку мрсните риби, како лососот и туната. Црниот дроб, говедското, жолчките и сирењто го имаат во многу мали количини. Организмот мора самиот себеси да се снабди преку синтеза од сончевите зраци преку кожата.
Како прво, постојат категории кои се многу загрозени, напрво новороденчињата затоа што воопшто немаат витамин Д.
По сите прописи добиваат 400 интернационални единици Д витамин секојдневно до навршување на првата година. Трудниците и доилките имаат големи потреби поради фетусот. Постарите луѓе над 50 години не синтетизираат толку добро под сонце, кожата им е потенка и повеќе престојуваат во затворен простор - заклучила д-р Апук на утринскиот програм на РТС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа