ССМ бара кривични пријави за Арсовска и Стојковски
Сојузот на сидикати на Македонија (ССМ) бара од Град Скопје да поднесе кривични пријави против Градоначалничката Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП, Александар Стојковски а во врска со неисплатените плати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП).
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП Александар Стојковски оставија повеќе од 1.000 семејства на вработените во ЈСП да трпат за леб, а за прв пат ги оставија скопјани без јавен превоз, реагираат денеска од ССМ.
„Град Скопје да поднесе кривични пријави против Градоначалничката Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП, Александар Стојковски по член 166 од Кривичниот законик кој покрај другото предвидува дека тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата итн., ќе се казни со парична казна или со затвор до една година" и да не дозволат и да ги оставаат работниците сами да се справуваат со нив", пишува во дел од реакцијата на ССМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа