ССМ бара разрешување на судиите кои донесоа одлука за одземање на Работничкиот дом
Денес, на прес конференција, пред Судскиот Совет, Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на Синдикатите изјави дека ќе поднесат барање за разрешување на судиите кои ја донесоа одлуката за конфискување на работничкиот дом од Синдикалците.
ССМ бара судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев и Исамедин Лимани да бидат разрешени од функцијата вршење на судија во постапка спроведена со закон.
Како што додава Трендафилов, истите ја а искористиле поставеноста на Врховниот суд во судската хиерархија, против чија одлука не постои ефикасно правно средство во домашниот правен поредок.
Тој упати порака до државниот правобранител да се воздржи од преземање на било какви чекори против работниците и Сојузот на синдикати на Македонија, бидејќи како што рече, се уште постојат правни механизми во државата, како и пред меѓународните организации.
„Одговорност ќе бараме од сите. Имаме правни механизми и пред меѓународните организации кои ќе ги добиеме и штетата што ќе ја направат, доколку направат таков чекор да ја упишат сопственоста на зградата на име на Република Македонија, а на штета на работниците ќе ја платат скапо за неколку месеци поради изборите“ - посочи Трендафилов.
Врховниот суд на 9.11.2023 година донесе пресуда за предметот РЕВ 1-77/22, во кој тужител е Република Северна Македонија против тужениот Сојузот на синдикатите на Македонија Скопје, за утврдување право на сопственост на недвижен имот кој претставува административна зграда како објект од општ интерес за државата. Со одлуката се одзема работничкиот дом од ССМ и се доделува на државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа