Стана татко по седмипат на 80 години - Роберт де Ниро со детали за ќерката
Двојниот Оскаровец минатиот мај изјави дека го дочека седмото дете на 79-годишна возраст.
„Се чувствувам одлично. Сè што ме мачи или загрижува едноставно исчезнува кога ќе ја погледнам. Значи, тоа само по себе е чудесно“, изјави Де Ниро во интервју за американскиот магазин AARP наменет за возрасната група над 50 години, пренесува Ројтерс.
Де Ниро, кој оваа недела доби уште една номинација за Оскар за споредна улога во филмот „Убијци на цветната месечина“ на Мартин Скорсезе, и неговата партнерка Тифани Чен, ја нарекоа својата ќерка Џиа, пишуваат медиумите.
– Но, таа има многу сладок начин – те гледа и само те прифаќа… Не знам каква ќе биде кога ќе порасне, но таа размислува и набљудува сѐ. Навистина е интересно. Значи, знаете, јас сум 80-годишен татко и тоа е одлично и сакам да бидам присутен колку што можам за да уживам во тоа“, рече Де Ниро.
Де Ниро и Чен ја пречекаа Џиа на 6 април минатата година, но актерот не ја откри веста за раѓањето на своето девојче дури повеќе од еден месец подоцна за време на интервјуто за ЕТ Канада.
На прашањето за шест деца, двократниот оскаровец го поправи интервјуерот и рече: „Седум, всушност. Само што добив бебе“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа