Стефковски: 2022 е успешна година за општина Гази Баба

 
Денес, Советот на општина Гази Баба на својата редовна седница ја усвои завршната сметка на Општина Гази Баба за 2022 година.
Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Бобан Стефковски информираше за донесената одлука.
 
Во објавата Стефковски напиша:
„2022 Е УСПЕШНА ГОДИНА ЗА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
УСВОЕНА ЗАВРШНАТА СМЕТКА НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ЗА 2022 ГОДИНА
Почитувани граѓани на општина Гази Баба,
Денес на дневен ред на редовната седница на Советот на општина Гази Баба се разгледуваа годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на општина Гази Баба за 2022 година.
Со посебно задоволство сакам да истакнам дека зад нас оставаме успешна година, а за тоа говорат и бројките.
Комплетната реализација на основниот буџет во својата расходна страна изнесува 73,04%. Ако направиме споредба со последните четири години, односно од 2018та до 2021 година, оваа година општината бележи најдобра реализација на буџетот.
Доколку ја погледнеме реализацијата на програмите кои се составен дел од буџетот, исто така можеме да заклучиме дека оваа година е забележана најдобра реализација во споредба со претходните четири години.
Посебно ќе истакнам три програми:
ФА програмата - преставува програма преку која се реализираат капиталните инвестиции во општината. Оваа програма бележи реализација од 226.885.698 денари, или 71,27%, што е најголема реализација на оваа програма во претходните четири години, а тоа се должи на реализацијата на над 210 проекти во текот на 2022 година.
Програмата за Заштита на животната средина оваа година бележи реализација од 6.312.336 денари или 74,70% од планираното. Висината на овие реализирани средства е повеќе од сите претходни четири години заедно, што е доказ дека Заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети.
Програмата за Спорт оваа година бележи реализација од 8.529.500 денари, или 83,25% од планираното. Доколку направиме споредба со изминатите четири години ќе се види дека реализираните средства за поддршка на спортот во 2022 година се повеќе од средствата кои се реализирани во изминатите четири години.
Почитувани сограѓани,
Бројките сами по себе говорат за нашата работа.
Место за непродуктивни трошоци во моето работење како градоначалник нема. Во периодот од 2018 до 2021 година за репрезентација се потрошени 1.754.848 денари од буџетот на општината, а во 2022 година се потрошени НУЛА денари.
Јас како градоначалник за разлика од сите пред мене, не се возам во служена кола и не користам средства од буџетот за нафта.
 
Така е и така ќе биде, се додека јас сум градоначалник на општина Гази Баба.“ - напиша Стефковски.
 
 

14.03.2023 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега