Стојкова: ВМРО-ДПМНЕ не е против дигитализација, туку против исклучувањето на печатените учебници

ВМРО-ДПМНЕ и опозициската коалиција „За обнова на Македонија“ не е против дигитализација во образованието, туку е против исклучувањето на печатените учебници, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон…“ на Алсат, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова.

 

Како што додава таа, недовербата во најавените реформи е и временскиот период што се предвидува за нивна подготовка и имплементација.

 

– ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ е против избрзана реформа, не против реформи. Ние не сме против дигитализација, ние сме против ваквиот начин на дигитализација во којшто печатените учебници се исфрлаат. Ние сме против промена на наставни содржини во којшто се вели – зајакнување на идентитетот на граѓаните на Северна Македонија. Тоа се вели – зајакнување на националниот идентитет! Затоа не треба да се брза и за два месеца да се прават реформи. Никој не е против реформи, вели Стојкова.

27.05.2021 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега