Столтенберг се сретна и со Пендаровски

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во посета на земјата, во рамки на неговата посета на земјите од Западен Балкан.

Двајцата разговараа за севкупната соработка со НАТО, во рамки на нашето полноправно членство во Алијансата и можностите за нејзино унапредување, за надворешно-политичките приоритети на земјата, како и за актуелните регионални безбедносни прашања и состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина и случувањата на Блискиот Исток.

Пендаровски ја истакна подготвеноста и посветеноста на Северна Македонија, во рамки на своите капацитети, и во иднина активно да придонесува во промовирање на мирот и стабилноста во регионот и пошироко, како и во справувањето со традиционалните и новите закани.

Во таа насока, претседателот Пендаровски го поздрави одржувањето на состанокот на лидерите на НАТО-сојузниците од регионот утре во Скопје и истакна дека посетата на генералниот секретар Столтенберг на земјите од Западен Балкан уште еднаш ја демонстрира посветеноста на НАТО кон стабилноста и безбедноста на регионот, во време на крупни безбедносни предизвици во нашето пошироко опкружување.

21.11.2023 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега