Страшна сообраќајка во Кисела Вода: Неколкумина повредени пренесени на Клиника
Вчера во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Борис Трајковски“ и улицата „Петар Делјан“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, упраувано од 61-годишниот З.Д. од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот М.И. од село Батинци, скопско, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле О.Д.(26) од Скопје, сопатничка во возилото „опел“ и Х.И.(42) од с.Батинци, сопатничка во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.Д. и сопатничката во неговото возило В.Д.(52) од Скопје, како и двајца малолетни сопатници од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа