Стрип за Бетмен е продаден за рекордни 2,2 милиони долари
Таа продажба поставила светски рекорд на стрип-аукција на суперхеројот Бетмен, објави вчера аукциската куќа Heritage Auctions со седиште во Далас.
Купувачот сакал да остане анонимен, изјави портпаролот на аукциската куќа Роберт Вилонски.
Стрипот Бетмен бр. 1 ги прикажува Бетмен и неговиот асистент Робин како летаат на жолта позадина и на црвениот хоризонт на Готам Сити.
Во тоа издание кое е во скоро совршена состојба се појавуваат и познатите ликови Џокер, Уго Стрејнџ и Катмун, соопштила аукциската куќа
Колекционер го купил тој стрип за 3000 долари во Хјустон во 1979 година. Неговата оригинална цена во 1940 година била 10 центи.
Неговата цена скокнала дури и пред аукцијата и повеќе од 24 понуди пристигнале од средината на декември.
Претходниот рекорд за стрипот Бетмен бил поставен во ноември кога Heritage Auctions го продал на аукција Детектив стрип бр. 27 од 1939 година во кој првпат се појавил Бетмен по цена од 1,5 милиони долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа