Студија: Пациентите кои Ковид-19 го прележале дома имаат помал ризик од долготрајни последици
Пациентите кои коронавирусот го прележале дома имаат помал ризик од сериозни и долготрајни последици од заразата, покажува данска студија објавена во списанието „The Lancet Infectious Diseases“.
Пациентите кои морале да бидат хоспитализирани често по заздравувањето се жалеле на последици.
Според податоците во анализата во која биле опфатени речиси 10.500 испитаници, 85,6 отсто од пациентите се лекувале дома.
Оние кои се прикажани во истражувањето, токму пациентите коишто коронавирусот го прележале дома имале понизок ризик од сериозни и долгорочни последици од заразата.
Истражувачите истакнале дека апсолутниот ризик од подоцнежните акутни компликации или пак хоспитализација на пациентите поради упорните и долготрајни симптоми кои се јавуваат од две седмици до шест месеци по прележување на болеста е многу низок.
Меѓутоа, тие истакнале дека таквите пациенти често го посетувале нивниот семеен доктор, што може да укажува на долготрајни симптоми коишто не резултираат со лекување со специфични лекови или пак со хоспитализација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа