Субвенциите за млеко се целосно сервисирани со вчерашната исплата
Во текот на вчерашниот ден се исплатија 4.574 млекопроизводители со вкупен износ од 292.614.813,00 денари.
Од Министерството за земјоделство, шумарство, водостопанствои денеска информираа дека извршената исплата е по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година.
Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.
- Субвенциите по основ на произведено и предадено млеко за 2024 година се целосно исплатени. Редовната исплата на субвенциите е приоритет на кој што работи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа