Суспендирани командирот и полицајците што го спроведуваа Мемети

 

Четворицата полицајци кои го правеле спроводот на бегалецот од Идризово и командирот кој ја издал наредбата се суспендирани од работа, пренесува Канал 5.

Предистрагата за бегството на 36-годишниот Беким Мемети, осуден на над 20 години затворска казна за убиство и дрога, ја води полициското одделение во Обвинителството за гонење организиран криминал, предводено од обвинителката Лиле Стефанова.

Како што пренесува Канал 5, неофицијалните најави се дека по распитот тие ќе бидат спроведени и пред судија на претходна постапка, а за нив ќе се бара притвор, поради сомнеж дека биле инволвирани во планот за бегството.

За затвореникот Мемети поплданево МВР распишана меѓународна потерница, а ранетиот полицаец закрепнува од прострелната рана во долниот дел од стомакот на КАРИЛ.

13.01.2023 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега