Светлана Бојковиќ: Изборите во Белград се украдени

Светлана Цеца Бојковиќ, позната актерка и една од иницијаторите на ПроГлас, за српски Данас вели дека смета дека изборите во Белград се украдени, а можеби се и на републичко ниво.

„Вчера следевме се што се случуваше во врска со изборите и не можам да кажам дека не беше неочекувано, само не знаевме дека ќе биде во толкава мера. Верувам дека изборите во Белград беа украдени, имајќи го предвид она што го направи владејачката партија – од кол центри, плаќање гласови до доведување луѓе од Република Српска“, изјави Бојковиќ за Данас.

Таа додава дека законите во Србија не постојат, бидејќи не се почитуваат.

„Злосторничкото здружение на власт прави што сака. Голем број луѓе се корумпирани. Во оваа несреќна земја многумина се исплашени и уценети. Борбата за заздравување на ова општество ќе биде долга и тешка“, вели Бојковиќ.

Таа верува дека ПроГлас направил се што можело, но дека ова е само почеток.

„Ќе го продолжиме тоа што го започнавме. Морам да напоменам дека ние никогаш нема да бидеме политичка партија, ниту пак некој од нас претендира на функција. Ќе се бориме за нормално и уредно општество“, рече таа.

18.12.2023 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега