СЗО предупредува: Пандемијата може да биде полоша, премногу земји тргнаа во погрешен правец

Пандемијата од коронавирус би можела да се влоши ако државите не преземат строги здравствени мерки на претпазливост, предупреди СЗО.

Да бидам искрен, премногу држави се движат во погрешна насока, а вирусот останува јавен непријател број еден“, порача челникот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус од седиштето на оваа организација во Женева.

„Ако основите не се почитуваат, оваа пандемија само ќе станува полоша и полоша“, додаде тој.

Денеска бројот на заразени од коронавирус во светот ја надмина бројката од 13 милиони, а повеќе од половина милион се смртни случаи.

Тедрос истакна и дека од 230.000 нови случаи на заразени во неделата, дури 80 отсто доаѓаат од 10 држави, а 50 отсто само од две од нив – Бразил и секако од САД кои се од пандемијата најпогодени држави, а нивниот претседател Трамп е најжесток критичар на СЗО.

„Во догледно време нема да има враќање во старата нормала. Има уште многу работи за кои треба да се загрижиме“, предупреди тој.

Шефот на СЗО за итни ситуации Мајк Рајан изјави дека неговиот тим пристигнал во Кина за да го истражи потеклото на вирусот и дека моментално се во карантин, што е стандардна процедура, по што ќе работат со кинеските власти.

Тедрос откри дека СЗО се уште не го добила официјално барање од САД за повлекување од таа организација, што беше најавено до Трамп. Американскиот претседател смета дека СЗО на почетокот на кризата и одела во прилог на Кина, во која е забележан првиот случај на зараза.

 

Трамп, кој во текот на викендот првпат е виден во јавноста со заштитна маска, често е мета на критичари кои сметаат дека тој не ја сфаќа пандемијата доволно сериозно, што републиканецот го отфрла.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега