Таксист влечел и кубел за коса Србинка во Офенбах

Србинка била нападната во петокот во Офенбах околу 1 часот. На нападот му претходела расправија меѓу девојката и таксистот за сумата што треба да ја плати за превозот.

Таксистот наводно сакал да ѝ наплати на девојката возење што било за 6 до 7 евра поскапо од напишаното на апликацијата. Потоа почнал да ја влече и да ја кубе за косаа.

Соседите го слушнале нејзиниот повик за помош и еден од нив се симнал и ја оттргнал девојката од рацете на таксистот, пишува српски „Телеграф“.

Таа за случајот ја известила полицијата.

20.12.2023 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега