Тамара Тодевска и Катарина Ивановска повторно скарани: Си ги избришале сите спомени од социјалните мрежи
Најдобрите другарки, пејачката Тамара Тодевска и познатата манекенка Катарина Ивановска повторно не се во добри односи, дознава тимот на „Убавина и здравје“, од каде тврдат дека двете другарки овојпат не сакаат очи да си видат една со друга. Причината наводно била – изневерена доверба.
Еден од доказите дека со нив навистина нешто не е во ред, говори и фактот што двете си ги избришале сите заеднички спомени на социјалните мрежи.
– Да, вистина е дека Тамара и Катарина се скарани. Се налутија една на друга, а точната причина не би сакал да ја откријам. Јавете им се на нив и прашајте ги, вели за магазинот нивни заеднички пријател, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа