Танер предупредува: Не е исклучена можноста за проширување на војната и во Европа

 

Цивилни и воени експерти, раководни лица, од Австрија и од земјите од Западен Балкан ќе имаат задача да се сретнат и да направат мрежа во која ќе бидат поставени главните прашања за меѓународнда соработка, ќе се дадат одговори на прашањата кои ќе се отворат но ќе се направи и заедничка експертиза, најави денес министерката за одбрана на Австрија Калудија Танер. Таа денес беше во посета на Македонија на покана од македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска.

Австриската министерка за одбрана рече дека војната во Украина всушност покажува колку е битно да ги поддржат земјите од Западен Балкан, за кои вели дека се нивни пријатели, на патот кон ЕУ.

„Проширувањето на војната во насока на Европа од гледна точка на нашите експерти не е исклучена можност. Затоа уште побитно е превентивно да се делува за да се зголеми стабилноста таму каде што е нужно таа да се реализира за да се зголеми способноста за пружање отпор во загрозените конфликтни региони и за да може да се поддржат напорите за одбрана од сите закани кои доаѓаат однадвор. Министерката Петровска и јас зборувавме за други заеднички проекти кои треба да ги поддржат двете земји да соработуваат и во иднина. Австрија заедно со Македонија поддржува три битни меѓународни мисии како што се мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, НАТО – мисијата во Косово и мисијата на Обединетите нации во Либан. Ангажманот на нашите трупи во кризните региони е нешто неминовно“, рече австриската министерка Танер.

Австриската министерка за одбрана нагласи дека Австрија посебно внимание посветува на испраќање воени лекари во мисиите за што разговарала и со нашата министерка Петровска, а разговарале и за намалување на мигрантите од балканската рута кои се прелеваат во Австрија.

Министерката Петровска најави дека Македонија ќе ја продолжи и продлабочи соработката со Австрија која ја смета за земја пријател за што, според доказ е денешната посета.

„Ние припаѓаме на Европа и затоа сме амбициозни во заедничките напори за интензивирање на одбранбената соработка. Како членка на Алијансата но и држава која го започна пристапниот процес кон Европската Унија Северна Македонија изразува поддршка и има амбиција да се вклучи во одбранбените иницијативи на Европската Унија кои се комплементарни со улогата на НАТО. Ќе продолжиме да ја засилуваме нашата соработка во доменот на безбедносната политика, логистика, воената обука и образование. Продолжуваме во исто темпо амбициозни во нашите планови и посветени на нивна целосна реализација затоа што само здружени и заедно можеме да се носиме со предизвиците по нашата безбедност“, рече министерката Петровска.

Таа смета дека не треба да се дозволи создавање вакуум во кој европските вредности ќе бидат заменети со други агенди кои во последно време се особено видливи преку хибридните закани, дезинформациите, лажните вести како и сајбер нападите. Петровска вели дека тие воопшто не се наивни и имаат цел да се да се блокираат преговорите со Европската Унија, да се подрие довербата во Европската Унија, Во НАТО и во демократските институции.

24.04.2023 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега