Таравари: Да ги решиме грбот и химната - Осетливите теми не се за под тепих

 

Подготвени сме да разговараме за се, за пакет мерки со кои ќе ги решиме сите заостанати прашања од минатото, рече денеска министерот за здравство од Коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање во врска со промената на државниот грб.

Како што изјави Таравари, Македонија е една од ретките постсоцијалистички држави чиј грб не е сменет.

-ВРЕДИ е подготвен да разговара за се. За жал, во минатиот период повеќе осетливи теми се ставаат под тепих. Ние сме подготвени да разговараме за пакет мерки кои се нерешени во изминатите 20 - 30 години и во пакет да ги решиме, зошто тука да не бидат и грбот и химната и 20 отсто и други етнички прашања ако има и веќе да се фокусираме на економијата, евроинтеграцијата, антикорупцијата,... Тоа ги интересиора граѓаните, подобри плати, подобар живот,..., истакна Таравари.

На прашањето што треба да стои на грбот, Таравари одговори дека во ВРЕДИ се уште не ја отвориле оваа тема. 

14.02.2025 - 10:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега