Таравари: Турција нуди бесплатна рехабилитација за 15 пациенти од трагедијата во Кочани

 


Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Таравари рече дека со премиерот Христијан Мицкоски имале подолг состанок со министерот за здравство на Турција, а една од темите била и трагедијата во Кочани.

- Се заблагодарив за тоа што направија таму за нашите пациенти. Изразуваат подготвеност да третираат уште 10 до 15 пациенти на кои ќе им треба долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно. Во моментот, можеме четири до шестмина пациенти веднаш да ги испратиме, доколку има потреба. Со тек на време, до максимум петнаесет. Тоа е многу добра вест, рче Таравари, одговарајќи на новинарски прашања.

За време на посетата на Турција, како што посочи, посетил двајца пациенти кои биле контактибилни, а нивните родители биле задоволни од третманот и инсистирале таму да продолжи рехабилитацијата. 

Шеесет и две лица го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, рано утрото на 16 март, а околу 200 се здобија со повреди, по што беа пренесени на лекување во болниците во земјава, но и во странство.

29.04.2025 - 13:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега