TAВ: Очекуваме денеска нормализација на летовите на Скопскиот аеродром
“Од 8 часот наутро до11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла.
Очекуваме подобрување на временските услови после 12 часот напладне.
За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време, како што ги добиваме во нашите системи.
За итни информации, патниците можат да се јават на Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333”- стои во соопштението на ТАВ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа