Телефонски разговор Муцунски - Липавски: Регионот на Западен Балкан што поскоро треба да биде дел од ЕУ семејството

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тумчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Република Чешка, Јан Липавски. 

Министерот Липавски упати честитки до министерот Муцунски за назначувањето на фукцијата, посакувајќи му успех во извешувањето на задачите.

Министрите се осврнаа на јубилејот 30-години од воспоставувањето на дипломатските односи, нагласувајќи ги заемните заложби за натамошно зајакнување на соработката.

Муцунски  изрази благодарност за недвосмислената и гласна поддршка на Република Чешка за пристапните преговори на нашата држава со Европската унија, притоа реафирмирајќи ја нашата определба за зајакнување на економската соработка и поддршката во мултилатералните организации.

Соговорниците изразија очекување за забрзување на евроинтеграцискиот процес и успешно спроведување на започнатите реформи, истовремено потенцирајќи ја важноста дека Регионот на Западен Балкан што поскоро треба да биде дел од ЕУ семејството.

За време на разговорот беа разменети мислења и за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за соработката и предизвиците во рамките на мултилатерални формати со крајна цел, зачувувањето на безбедноста, мирот на европскиот континент.

27.06.2024 - 20:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега