Тешка борба за живот: Сопругата на Тони Цетински доживеала хорор, пејачот откри детали

 

Сопругата на пејачот Тони Цетински помина низ тежок период во животот. Тони бил нејзината најголема поддршка.

Сопругата на Тони Цетински, Дубравка Цетински, во 2019-та година доживеа мозочен удар, а сега за прв пат проговори за тоа што го преживеала.

Како што изјавила за хрватските медиуми, симптомите ги почувствувала два дена претходно, но ги игнорирала

-Третиот ден ми се “одземаа“ десната рака и десната нога, почнаа да се грчат и само паднав, откри Дубравка која падната на терасата ја пронашол нејзиниот сопруг Тони.

-Дојдов на тераса, видов дека се тресе. Таа разви тумор на мозокот кој се манифестира како потешка форма на епилепсија, како што јас разбирам. Можеби нема веднаш да знаете што е тоа. Не беше важно, потоа издиши, а потоа помислив дека се е готово, но тоа е процес кога ќе се смири и потоа некако си дојде на себе,  изјавил Тони.

Дубравка не крие дека и било многу тешко, но поддршката што ја имала од семејството и помогнала многу да надмине се.

-На почетокот беше многу тешко затоа што навлегуваш во страв, а стравот е всушност најлош, и тука е неопходна вашата поддршка. Имав поддршка од мајка ми, сопругот и семејството, рече таа.

10.04.2023 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега