Тешка несреќа во Свети Николе - малолетничка со мопед удрила во автомобил

Малолетничка од Свети Николе се здобила со тешки телесни повреди откако со мопедот со кој управувала удрила во автомобил.

- На 20.10.2020 во 17:15 часот било пријавено дека во Свети Николе на ул„Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „лада нива“, со светиниколски регистарски ознаки, со приклучно возило-лесна приколка, 35-годишниот управувано од Б.Б. од Свети Николе и мопед „априлија“, со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Свети Николе.

Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Свети Николе.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега