Тешка сообраќајка: Велешанец удрил во паркиран автомобил и камион


Вчера во 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во насока кон Куманово, атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(35) од Велес, удрило во патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.Џ.(33) од Скопје, кое пак по инерција удрило во товарно возило „ивеко“ и приколка со битолски регистарски ознаки, паркирано од Т.П.(47) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Џ., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

30.04.2024 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега