Тешко повреден 20-годишен рудар од Пробиштип
Ноќеска во 00.48 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Р.(20) од Пробиштип.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во Пробиштип.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
11.06.2024 - 16:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа