Тест со студена вода открива дали имате здраво срце - мијте раце 30 секунди и откријте

 

Вашето срце може да чука дури и ако не е поврзано со вашето тело, и тоа е она што го прави овој орган толку моќен. Срцето е еден од најважните органи, па поради тоа е важно да живеете здраво, за и тоа да биде здраво.
За да откриете колку е здраво вашето срце, можете да го направите овој тест што ќе ви одземе само 30 секунди.
Првиот чекор е да наполните студена вода во сад, а за уште подобри резултати ставете и неколку коцки мраз. Потоа, ставете ги рацете во водата со коцките мраз и држете ги 30 секунди. Тоа ќе ви покаже како вашата крв реагира при студ.
Можете да добиете два резултати. Ако прстите ви се црвени, тоа е добра вест и значи дека немате проблем со протокот на крв. Тоа значи дека вашето срце и крвотокот се здрави.

Ако прстите ви станат бледи и сини, веројатно имате проблем со циркулацијата на крвта.
test

Тоа се случува бидејќи имате ниско ниво на кислород во крвните клетки. Во овој случај обидете се да ги загреете или масирате прстите за да ги вратите во нормала, а ако тоа не се случи, посетете доктор.
Храната што може да го подобри здравјето на вашето срце се лукот, кој го намалува крвниот притисок, и темното чоколадо, кое го нормализира крвниот притисок и се бори против воспаленија. Циметот се бори против срцеви болести и атеросклероза, а авокадото го намалува нивото на лош холестерол и помага во чистењето на артериите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.11.2020 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега