„Тетово сака парк“: Тетово повторно прво во свет, градот е гасна комора

 

Граѓанската иниицијатива „Тетово сака парк“  преку соопштение до јавноста реагира на актуелното високо загадување на воздухот и несоодветните политики кои доведуваат до оваа состојба градот, како што велат, да се наоѓа како во „гасна комора“.

Тие порачуваат дека политиките треба да се водат така што здравје на луѓето да биде на прво место, а на последно интересите на урбаната мафија.

-А што мислеше светот, колку долго ќе издржиме во првите 10, вака способни, без да избиеме на лидерско место? Веќе неколку денови градот под Шар Планина, сега веќе национален парк, има 40 пати позагаден воздух од дозволеното поради енормна концентрација на ПМ 10 честички. Ваквата состојба се превенира со години за да не се случи, а кога ништо не е преземено, па градот е гасна комора, потребно е алармирање на сите надлежни и преземање на одговорност и воведување на нов начин на работа и креирање на политиките. Здравјето на луѓето на прво место заедно со чистата и здрава животна средина. Потоа јавниот простор, хуманата средина, развојните аспекти и така натаму. Приватниот интерес на урбаната мафија на последното место! Во спротива луѓе ќе умираат, мафијата ќе гради, институциите ќе глумат воведување на мерки, и така во круг, велат од „Тетово сака парк“.

„Тетово сака парк“ како иницијатива бара создавање на парк во насока на подобрување на животната средина и помалку загаден воздух во градот.

04.01.2023 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега