Тик Ток поставува ограничување: 60 минути дневно за корисници на возраст под 18 години

 

„Тик-ток“ воведува голема промена. Апликацијата, која е најпопуларна меѓу младите, во наредните недели ќе постави ограничување од 60 минути дневно за корисници на возраст под 18 години.

Ако малолетниците го надминат овој временски лимит, ќе мора да внесат лозинка за да продолжат да ја користат услугата тој ден. Сепак, тие ќе имаат опција да ја исклучат оваа функција.

Од „Тик-ток“ соопштија дека ја воведуваат промената за да им помогне на луѓето да следат колку часови дневно поминуваат пред екран.

Тие објаснија дека новото ограничување доаѓа откако минатата година беше воведено барање за да се охрабрат тинејџерите самите да го контролираат своето време пред екранот.

Корисниците на платформата мора да имаат најмалку 13 години, а како дел од новата функција, секој помлад од 18 ќе добива неделно известување со преглед на времето поминато пред екранот.

02.03.2023 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа