ТикТок доби конкуренција: Новата апликација за само два месеци доби 100 милиони корисници

 

Компанијата Snap објави дека нивната апликација Spotlight веќе стигнала до 100 милиони корисници во јануари 2021-ва година, само два месеци откако беше пуштена во етерот.

TikTok и натаму има голема предност во однос на Spotlight, меѓутоа јасно е дека кинеската апликација добива сериозна конкуренција.

Snap вложи поприлично многу пари за да ја стартува својата Spotlight услуга, па така компанијата вети дека ќе им додели милион долари дневно на креаторите на содржини, со цел апликацијата да се популаризира, а корисниците да објавуваат оригинални содржини.

Оваа тактика се чини дека забележа успех со оглед на тоа што дневно на платформата се објавуваат во просек по 175 илјади видеа.

Snap сега севкупно има повеќе од 265 милиони дневни корисници, што е зголемување од 16 милиони корисници, во однос на 249-те милиони минатото тромесечје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2021 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега