Тинејџери од Кавадарци со сила ограбувале жени низ Скопје

Единиците за внатрешни работи Центар и Бит Пазар и Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесоа кривични пријави против А.Б.(18) од Скопје и К.Д.(18) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела тешка кражба на дрзок начин. 

Имено, две дела се извршени на 03.09.2024 на подрачјето на Центар, каде што пријавените со употреба на физичка сила од две жени на возраст од 28 и 59 години одзеле личен накит, што го носеле на себе. Третото дело е извршено на 31.08.2024 на подрачјето на општина Аеродром, каде што,  исто така, со употреба на сила од 61 - годишна жена одзеле личен накит. 

Со пријавените бил извршен службен разговор во полициска станица, а оштетените ги препознале сторителите. Дел од накитот бил пронајден и вратен на оштетените. Во текот на денот пријавените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

04.09.2024 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега