Тинејџерка се потсмевала на соученичка болна од рак- нејзиниот татко и оддржал лекција за паметење

 

Татко на тинејџерка, на Редит откри дека ја натерал својата ќерка да си ја избричи главата. Поранешната сопруга била многу вознемирена поради неговата родителска постапка, но тој тврди дека имал добра причина за таква казна…

Девојката ѝ се потсмевала на соученичка болна од рак.

-Мојата поранешна сопруга и јас имаме 16-годишна ќерка. Имам старателство над неа бидејќи мојата сопруга се пресели кај нејзиното ново семејство. Го спомнувам ова зашто не се консултирав со мојата сопруга пред мојава постапка и таа сега ме осудува мене. Мојата ќерка неодамна ѝ се потсмеваше на соученичка која ја загубила косата поради лекување од рак. Таа дури ѝ ја симнала периката. Наводно, тоа било продолжение на претходна расправија меѓу нив двете – што не е изговор за однесувањето на ќерка ми. Јас не ја воспитував ќерка ми да се однесува така кон луѓето. Бев згрозен од нејзиниот став, објаснува таткото.

За да бидат работите уште полоши, ќерка му не се покајала за однесувањето.

-Смета дека девојката (со ракот) го заслужува тоа… Така, ѝ дадов на мојата ќерка две можности за казна – одземање на цела електроника, вклучително и мобилниот телефон, што таа никогаш нема да го направи, а јас никогаш нема да ѝ купам друг, или – да одиме на фризер и да си ја избричи главата, заклучува таткото.

 

Некои следачи само се надеваат дека девојчето ќе сфати дека омразата и инаетот не решаваат ништо.

30.08.2021 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега