Тинејџерот што ја хакираше „ГТА“ осуден на доживотен болнички затвор
Момче од Оксфорд, кој има само 18 години успеало да украде и објави неколку видео клипови од долгоочекуваната видео игра Grand Theft Auto (GTA), поради што е осуден на неопределено болничко лекување.
Арион Куртај (18), аутистичен млад човек од Оксфорд, беше клучен член на меѓународната хакерска банда „Lapsus$“, која ги нападна технолошките гиганти, вклучувајќи ги Uber, Nvidia и Rockstar Games и ги чинеше речиси 10 милиони долари. Компанијата „Rockstar Games“ стои зад хит видео игрите на GTA.
Според судската пресуда Куртај остатокот од животот ќе го помине во болница во Обединетото Кралство, односно додека повеќе не се смета за опасност за јавноста. Судијата рече дека вештините и желбата на Куртај да изврши сајбер криминал значи дека тој и понатаму е висок ризик за јавноста.
Судот дозна и дека Куртај бил насилен во притвор и дека против него биле поднесени десетици пријави за повреди и материјална штета. Од жирито беше побарано да утврди дали тој ги извршил наводните дела или не, и дали ги извршил со криминална намера, поради неговиот тежок аутизам.
Проценката на менталното здравје користена како дел од сослушувањето за изрекување на пресудата рече дека тој „продолжил да изразува намера да се врати на сајбер криминалот што е можно поскоро“ и „бил многу мотивиран“.
Откако беше пуштен со кауција за хакирање на Nvidia и друга компанија, тој продолжи да хакира, и покрај тоа што му беше одземен лаптопот. Куртај потоа успеа да упадне во „Rockstar Games“, користејќи го својот хотелски ТВ и мобилен телефон, при што украде 90 клипови од необјавената и долгоочекуваната GTA 6.
Тој упаднал во внатрешниот систем за пораки на Slack каде напишал „ако Rockstar не ме контактира на Telegram во рок од 24 часа, ќе почнам да го објавувам изворниот код“. По што ги објави клиповите и изворниот код на форумот под корисничкото име „TeaPotUberHacker“.
Тој беше повторно уапсен и задржан во очекување на судењето
На почетокот на овој месец беше објавен трејлерот за GTA 6 и за само 4 дена доби 128 милиони прегледи на YouTube.
GTA 6 hacker Arion Kurtaj has been sentenced to be in the hospital for LIFE unless deemed no longer a danger
He was found guilty of all 12 charges including fraud and blackmail. He recently stated he would hack rockstar AGAIN if released pic.twitter.com/2TF5sxKHI1
— SAY CHEESE! (@SaycheeseDGTL) December 21, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа