Тлото не мирува: Два силни земјотреси ги стресоа Турција и Сирија

Регионот на источна Турција на границата со Сирија го потресоа уште два земјотреси.

Според податоците на EMSC, првиот бил со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, додека вториот бил со помал интензитет – 3 степени.

Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри јужно од Антакија на длабочина од 10 километри.

Според жителите, земјотресот бил почувствуван и во сириски Идлиб.

Да потсетиме, во земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала што на 6 февруари ја погодија јужна Турција и северозападна Сирија загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

После тоа се забележани повеќе од 7.250 последователни потреси. Урнати се околу 200.000 станбени единици.

23.02.2023 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа