Тој има 48 години, а невестата 13: Ова е негова петта сопруга а планира и деца со неа (ФОТО)
Едно тринаесетгодишно девојче беше принуден да се омажи со 48-годишниот човек на свадбена церемонија на Филипините.
Венчавката се одржа во градот Мамасапано на 22 октомври.Вознемирувачките фотографии се доказ за ужасната практика што им овозможува на девојчињата да се венчаат, под присила. На една од шокантните слики се гледа како маж бакнува дете по образ.
Девојчето-невеста станало петтата сопруга на Абдулрзак Ампатуан, а свадбата била извршена според исламските обичаи.
„Среќен сум што ја најдов и ги поминав деновите со неа да се грижи за моите деца“, рече тој за својата венчавка. Планира да има деца со петтата сопруга кога ќе наполни 20 години.
Тој додаде дека ќе ја испрати на училиште за да биде подготвена да стане мајка.
Во некои делови на Филипините, особено во регионот Минданао со муслиманско мнозинство, на малолетни девојчиња им е дозволено да стапат во брак веднаш штом ќе имаат менструација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа