Томовски ја повика ДКСК да отвори случај - СДСМ штити приватен бизнис од пола милион евра

 


Директорот на службата за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР), Ивица Томовски ја разбира нервозата во редовите на СДС која потекнува не само поради политичката неинвентивност и алчност, туку пред сѐ, поради бизнис интересите кои им се засегнати поради законитото работење на СОЗР, но и тесните бизнис интереси кои тие ги имаат со конкуренцијата во сферата на кој се однесува овој тендер.

Кога непознати лица од партијата ќе ги пуштат како топовско месо на прес-конференции да сеат лаги и манипулации, а не им кажуваат дека всушност ги “горат”, треба да им кажат дека со истите тие прес-конференции штитат за половина милион евра поскапа понуда за обезбедување на истиот тендер кој го спорат.
Значи, болката на СДС е што се заштедија половина милион евра и истите не припаднаа на бизнис интересите кои ги застапуваат, рече Томовски.
„Фактите се следни.
Со тендерот обезбедив конкуренција, при што се наддаваа четири фирми, што не беше случај во изминатите шест години, кога само една фирма која конкурирала, секогаш го добивала тендерот на максималната вредност.
Понудата се спушти за половина милион евра и исто толку се заштедија пари на граѓаните. Штета што господата од СДС жалат за тоа дека се заштедени пари на граѓаните, а не се наполнети паричниците на луѓето блиски до таа партија.
Добитникот на тендерот, компанијата „Праеториан“, на никаков начин не е поврзана со мене, ниту му припаѓа на некој мој роднина.
Ова е чиста дезинформација и обид за манипулација на јавноста, нагласи Томовски.
Томовски ги повикува СДС се што имаат да достават до Јавното обвинителство и до Државната комисија за спречување на корупција.
„Во спротивно, јасна е намерата да лажат и манипулираат со овој случај.
Воедно, убеден во исправноста на мојата одлука, лично ја повикувам Антикорупциската комисија да отвори и го испита овој случај“, потенцираше Томовски.

22.01.2025 - 15:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега